ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Остварена средба на ЗПВРМ Адеми со наградените ромски невладини организации за интеграција на Роми
14:45, среда, 05 април 2017
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Арбр Адеми, денес оствари средба со двете наградени ромски граѓански организации, од страна на Европската комисија во рамки на повикот за Втора награда за интеграција на Роми во земјите од Западен Балкан и Република Турција.

Во рамките на повикот на Европската комисија за Втора награда за интеграција на Ромите, првата награда во Република Македонија ѝ припадна на невладината организација Ромски ресурсен центар, за проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основно образование во Република Македонија“, додека пак втората награда, Еврокомесарот Хан ја додели на Ромската регионална малдинско образовна асоцијасија за проектот „Сидата не знае да дискримира заштити се!“.

На средбата, Вицепремиерот Адеми, во името на Владата на Република Македонија им ја честиташе добиената награда за спроведувањето на проекти за вклучување и интеграција на ромските деца и млади луѓе.

„Владата останува посветена на заложбите за заштита и унапредување на правата на Ромите, сметајќи ги маргинализацијата и предрасудите не само проблем на ромската заедница, туку пред сè директни закани за демократијата и основните вредности врз кои е изграден целокупниот систем за заштита на човековите права и слободи “, истакна Адеми.

На средбата беше повторено дека СЕП останува отворен за соработка со граѓанскиот сектор и за поддршка на сите активности кои се значајни и за процесот на европска интеграција. Исто така беа истакнати и можностите за поддршка преку ИПА фондовите. „Останува на сите нас заедно и во наредниот период високо на агендата да ја поставиме имплементацијата на тековни проекти кои ја таргетираат ромската популација како и давањето на приоритет на подобрувањето на состојбата на Ромите при програмирањето на странската помош имајќи го предвид значењето на интеграцијата и вклучувањето на етничките заедници како важни прашања за нашата европска интеграција“, потенцира тој.

Наградите се однесуваат на придонесот и работата на граѓанското општество во поддршка на социјалната инклузија на Ромите во земјите од Западен Балкан и Република Турција.
Сподели ја содржината!
Вести
Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите-членки на ЕУ“
Презентација „Градење капацитети за ЕУ“
Работна средба за европската агенда, Адеми-Жбогар
Средба на Вицепремиерот Адеми со студенти од факултетот за политички науки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.