ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Новинари од водечките европски медиуми на средба со Вицепремиерот Адеми
14:19, вторник, 04 април 2017
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми денес оствари средба со поголема група новинари од неколку земји- членки на ЕУ во просториите на Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот Адеми ги запозна новинарите со целокупниот процес на пристапување на Република Македонија, а се осврна и на односите на земјата со Европската Унија, нагласувајќи дека  нашата земја  прва во регионот го започна евроинтегративниот процес пред повеќе од 20 години што резултираше со длабоки промени во политичкиот систем и економската средина. Тој исто така истакна дека Македонија е земја кандидат веќе 13-та година,  со 8 последователни препораки од страна на Европската комисија до Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори.

„Од самото осамостојување Македонија е посветена на стратешката определба за евро-атлантска интеграција. Поддршката од над 70 % од населението, за  нас политичарите претставува обврска да продолжиме посветено да работиме на нашиот пат кон ЕУ“, истакна Адеми.

Вицепремиерот  се осврна и на актуелната политичка состојба во земјата истакнувајќи дека и покрај политичките турбуленции земјата се уште заслужува да ги започне преговорите за пристапување со цел да се задржи фокусот и да се обезбеди понатамошен напредок на реформите во клучните области. Неодамнешните посети на претседателот Туск, високиот претставник Могерини и комесарот Хан се позитивен сигнал за нашата европска перспектива, но и со јасна насока за демократски излез од кризата. За Македонија да го продолжи својот Европски пат, потребна е одлука на Советот за започнување на преговори со цел нашата земја да се придвижи напред. 

„Ние сме сосема свесни дека и ЕУ во моментот се соочува со многу предизвици, но можеби треба да се има предвид дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан ќе придонесе кон справување со истите.  Доказ за тоа е улогата на Македонија во текот на мигрантската криза посебно после затварањето на таканаречената Западно балканска рута со што покажавме дека можеме да одговориме на очекувањата на нашите партнери“

Посетата на новинарите кои доаѓаат од водечките европски медиуми е редовна пракса во организација на Директоратот за проширување на ЕУ, а освен Република Македонија, одат и во посета на повеќе земји од регионот.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи- Пломп: Холандија отсекогаш била еден од најискрените поддржувачи на Република Македонија
Тематски консултации со претставници на граѓански организации „ЕУ интеграцијата треба да не обединува сите“
Средба Османи-Зулуета: Владата ќе ги адресира клучните забелешки и препораки на ОБСЕ/ОДИХР пред одржувањето на локалните избори
Средба Османи – Мемети: потребно е Владата и Народниот правобранител да ја обноват комуникацијата и да ја зајакнат меѓусебната доверба
Средба Османи- Гарет: Македонија и во иднина ќе може да смета на поддршка од страна на Обединетото Кралство за своите евро и евро-атлатските аспирации
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.