ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Завршен настан во Делегацијата на ЕУ, нова генерација млади професионалци од Западен Балкан
13:17, четврток, 16 март 2017
Во рамки на проектот „ЕУ шема за млади професионалци во Западен Балкан“, денес во Делегацијата на ЕУ во Скопје, се одржа завршен настан на практичниот дел кои го изведуваат млади државни службеници од земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово), со поддршка на Британскиот совет.

Државниот советник од Секретаријатот за европски прашања Драган Тилев, изрази силна подршка за проектот со активна партиципација од страна на македонската администрација, но  изрази и надеж дека циклусот на вакви обуки ќе продолжи и натаму. Тој потенцираше дека за успешни и оддржливи европски реформи, неопходна е критична маса на квалитетни, компетентни професионалци, што ќе гарантира дека реформскиот процес е соодветно спроведен и одржлив.

Имајќи предвид дека групата од пет млади професионалци кои се во Македонија работи на темата: „Медиуми и граѓански организации“, имаа можност да се запознаат со улогата на медиумите и граѓанското општество во ЕУ интегративниот процес на Македонија преку средби со претставници од повеќето државни институции (СЕП, ГС на Влада на Република Македонија, Министерство за информатичко општество, Министерство за права) Делегација на ЕУ во Скопје како и претставници од поголем број на граѓански организации, здруженија и асоцијации на новинари.

Секретаријатот за европски прашања и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија се институции домаќини во рамки на овој проект кој е финансиран од страна на Европската унија.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба на Бујар Османи со претставници на фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт во Берлин ОСМАНИ: КОНРАД АДЕНАУЕР И ФРИДРИХ ЕБЕРТ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО ИЗГРАДБАТА НА КОНСЕНЗУС ПО ПРАШАЊАТА ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Бујар Османи на одвоени средби со Адреас Гис и Кристоф Бајер во Берлин ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА Е ОД СУШТИНСКА ВАЖНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА И ОЧЕКУВАМЕ ИСТАТА ДА ПРОДОЛЖИ И ВО ИДНИНА
Средба Бујар Османи – Михаел Рот во Берлин ОСМАНИ: ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА ЗАТОА НАША ЦЕЛ Е ДА БИДЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Средба на Вицепремиерот Османи со амбасадорите од земјите на Западен Балкан ОСМАНИ: Европските перспективи претставуваат заеднички интерес кој го обединува Балканот
Средба Османи - Бенџамин Перкс: ОСМАНИ: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, И ЈАС ЛИЧНО, ИСКРЕНО ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СE ШТО ПРАВИТЕ ЗА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.