Новости
петок, 24 февруари 2017 15:05
Денес група на млади административци од Министерството за образование и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, остварија посета на Секретаријатот за европски прашања.
Групата беше примена од страна на Државниот советник за европски политики и
координација, г-дин Драган Тилев со соработниците од СЕП. Во текот на посетата тие беа запознаени со
структурата, надлежностите и тековните активности на Секретаријатот за Европски
прашања, како и статусот и перспективите на евро-интегративниот процес на
земјата. Исто така беа истакнати
традиционално одличните односи помеѓу Кралството Холандија и Македонија,
како и континуираната финансиска и техничка помош која ја добиваме од оваа
пријателска земја.
Со оваа посета се придонесува и кон унапредување на меѓусебното разбирање на политичките, економските и културните состојби во Холандија и Македонија.