Новости
понеделник, 20 февруари 2017 13:36
Државниот секретар за европски прашања, Ана Блажеска денес учествуваше на Глобалниот самит за жени лидери 2017, со свое обраќање на панел дискусијата за носители на јавни политики.
Во својот говор Блажеска истакна дека присуството и вклученоста на жените во процесите на развој на политиките е евидентно но она кое е потребно и кон кое целиме е што поголем број на жени на позиции каде се одлучува.
Цел на Самитот е остварување на меѓународен дијалог за унапредување на женското лидерство, креирање на стратешки политики за развој, како и механизми кои позитивно ќе влијаат на економијата во една држава. Самитот се одржува од 17-19 Февруари 2017 година, во Хотел Мериот Скопје и на него учествуваат еминентни жени лидери од политичката сфера, корпоративната елита и дипломатскиот кор, од пет континенти.