Новости
петок, 10 февруари 2017 14:29
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми оствари средба со Колин Волф од Генералниот директорат за соседска политика и проширување- НЕАР.
На средбата се разговараше за моменталната состојба во искористувањето на поддршката од ИПА, како и можностите за проширување на соработката за регионален развој.
Вицепремиерот Адеми, како Национален ИПА координатор, му ги соопшти на г. Волф приоритетите кои ги има поставено во однос на ИПА кои се однесуваат на работење и развој на системот за Децентрализирано спроведување на ИПА, спроведување на ИПА со највисока можна стапка на апсорпција, во согласност со приоритетите на Владата и заедничката агенда со ЕУ.
Адеми посочи дека помошта обезбедена преку ИПА е многу важна за спроведувањето на клучните реформи , особено во овој постизборен период.
На крајот од средбата двајцата соговорници изразија задоволство од соработката меѓу Македонија и Европската Комисија, која се одвива на партнерски однос на секое ниво.