ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба на Вицепремиерот Адеми и државниот потсекретар за надворешни работи на Италија Амендола
12:09, четврток, 09 февруари 2017

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми денес оствари средба со Винченцо Амендола, државен потсекретар во Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија.  

На средбата се разговараше за Берлинскиот процес и претстојниот самит на земјите од Западен Балкан во Трст, за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за нашите Евро-Атлантски перспективи. 

Вицепремиерот Адеми ја поздрави позицијата на Италија за континуираната и безрезервна поддршка за процесот на проширување и нашето членство во ЕУ, како и ставот на Италија дека сите земји од Западен Балкан треба да се приклучат кон ЕУ, час поскоро. 

Адеми истакна дека проектите финансирани од ЕУ за поврзување, особено во транспортот и енергијата, кои се од суштинско значење и за развојот на нашата економија, треба да се прошират и на Македонија. Тој побара поддршка од Италија за напорите за пристапување на Македонија во Јадранско-јонскиот регион и стратегија, потврдувајќи го регионалниот аспект и целосна вклученост на земјата во Транс-европските програми. 

Адеми и Амендола изразија задоволство од досегашната билатерална соработка меѓу Македонија и Италија, која ќе продолжи и во претстојниот период.

Сподели ја содржината!
Вести
Состанок за започнување на проектот “Регионална Техничка помош за поддршка на агендата за поврзување -CONNECTA”
Блажеска на Глобалниот самит за жени лидери 2017
Адеми на средба со Волф
Донација на возила од ЕУ
Регионален министерски состанок
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.