ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Учество на вицепремиерот Адеми на регионалната конференција „ Пристапни реформи за Западен Балкан“
19:30, среда, 25 јануари 2017

Денес, вицепремиерот Адеми учествуваше на втората регионална конференција налсовена „ Извештаи на ЕК за земјите- Пристапни реформи за Западен Балкан“ во Подгорица, која претставува продолжение на иницијативата започната во Македонија во 2015 година. Целта на конференцијата е да се разменат искуства и предлози меѓу претставниците од земјите од регионот и Европската комисија за  клучните елементи на пакетот за проширување.   


„Проширувањето останува приоритет за Владата на Република Македонија додека извештаите на Европската комисија се главниот документ на кој што се базираат сите реформи кои треба да се спроведат“ рече Адеми. Исто така, учесниците на конференцијата констатираа дека е важно да се потврди европската перспектива за регионот бидејќи тоа претставува главен поттик за спроведувањето на сите неопходни реформи.   


Во однос на новата методологија која Европската комисија ја применува за оценка на подготвеноста на земјите во процесот на пристапување, Вицепремиерот Адеми истакна дека овој пристап им овозможува на двете страни, на земјите кандидати и на ЕК, да имаат подобар увид во степенот на подготвеност на секоја земја одделно како и на предизвиците.   


На конференцијата се дискутираше и за Берлинскиот процес и агендата за поврзување на како механизам за инфраструктурно поврзување на земјите од регионот.   


На рамките на престојот во Подгорица, Адеми оствари билатерална средба со министерот за европски прашања, Александар Андрија Пејовиќ, на која се констатираа одличните односи меѓу двете држави и силниот интерес да продолжи и да се продлабочи соработката во делот на европски интеграции. Во овој контекст, особено беше посочено позитивното искуство за соработка во рамките на заедничкиот комитет Македонија- Црна Гора.   


Адеми се сретна и со амбасадорот Микеле Џакомели, специјален претставник на Италија за Берлинскиот процес. За време на средбата се дискутираше за претстојните подготовки на Самитот кој ќе се одржи во Италија и се потенцираше важноста на овој процес за продлабочување на регионалната соработка.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи- Пломп: Холандија отсекогаш била еден од најискрените поддржувачи на Република Македонија
Тематски консултации со претставници на граѓански организации „ЕУ интеграцијата треба да не обединува сите“
Средба Османи-Зулуета: Владата ќе ги адресира клучните забелешки и препораки на ОБСЕ/ОДИХР пред одржувањето на локалните избори
Средба Османи – Мемети: потребно е Владата и Народниот правобранител да ја обноват комуникацијата и да ја зајакнат меѓусебната доверба
Средба Османи- Гарет: Македонија и во иднина ќе може да смета на поддршка од страна на Обединетото Кралство за своите евро и евро-атлатските аспирации
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.