ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Таекс работилница посветена на развивање на политика за задржување на националната ИПА структура
15:04, вторник, 10 јануари 2017
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа Таекс работилница за развивање политика за задржување на националната ИПА структура. Работилницата ја отвори Државниот секретар за европски прашања, Ана Блажеска.

На работилницата присуствуваа претставнници од Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, ИПА ревизорското тело, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а Блажеска пред присутните ги претстави г-ѓа Добринка Крастева и г. Радослав Миланов кои учествуваа во подготовката на концептот за спроведување на политиката за задржување на вработените, потсетувајќи на заедничките експертски мисии кои беа реализирни во ноември и декември минатата година.

„Главен мотив за одржувањето на оваа работилница е подобрувањето на капацитетите на ИПА структурата со цел поефикасно искористување на ИПА фондовите, но и разгледување на можноста за развивање политика за задржување на вработените во ИПА структурата“, рече Блажеска. Таа додаде дека идеата е да се сподели концептот кој е ставен на хартија и да се продискутира начинот на кој ќе се постигне операционализација на концептот.

Целта на работилницата беше да се финализира моделот на политиката за задржување на вработените која се применува и во управните единици на фондовите на ЕУ.  Овој модел беше развиен од страна на Секретаријатот за европски прашања во соработка со Советот на министри на Бугарија, а корисници се и Министерство за финансии и Министерство за информатичко општество и администрација.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА АГЕДНА СОЗДАВА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИНОВАТОРИТЕ И ВООПШТО ЗА БИЗНИСОТ
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.