Новости
понеделник, 21 ноември 2016 18:43
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа првиот состанок наTAIEX експертската мисија со цел развивање на политика на задржување на кадарот на Националната ИПА структура.
Со состанокот раководеше државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања г-ѓа Ана Блажеска, при што ги информира експертите за актуелната состојба и одливот на кадар од ИПА структурата и воедно нагласи дека е од голема важност развивањето на политика за задржување на кадарот со што на национално ниво би се зголемилаапсорпција на ИПА средствата.
TAIEX експертите од Република Бугарија кои беа присутни на состанокот, г-ѓа Добринка Крастева, раководител на Централната единица за координација и г-дин Радослав Миланов од Одделот за модернизација на Управата за администрација истакнаа дека ќе го искористат нивото досегашно искуство од нивната земја, воедно земајќи го предвид националното законодавство на Република Македонија и ќе изготват драфт верзија на политика за задржување кадар во националната ИПА структура со што ќе се предвидат начини на мотивирање и наградување на вработените во ИПА оперативната структура, според степенот на реализирани проекти и апсорбирани средства од ИПА фондовите.