Новости
четврток, 10 ноември 2016 09:52
Во организација на Проектот на УСАИД за подобрување на работењето на организациите имплементиран од ДЕТРА Центар беше одржан тим билдинг за вработените во секретаријатот за европски прашања.
Bоведно обраќање на отворањето имаше Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми.
„ Ако покажеме индивудуална волја за промени, сигурен сум дека тоа ќе го мотивира и нашиот најблизок колега, а тоа пак некој друг и така ќе предизвикаме реакција во серија и поместување на нештата во една друга насока - кон заеднички успех. Верувајте, сите ние сме упатени еден на друг, нашите работни задачи се меѓусебно зависни и затоа треба да покажеме интерес и за работата на нашите колеги. Единствено така, комуницирајќи меѓусебе, успешно можеме да ги надминеме предизвиците и дојдеме до подобри решенија“, рече Адеми.
Блажеска во своето обраќање пред вработените ја истакна важноста на тимското работење и вештините за справување со стресот на работното место и посочи дека се од клучно значење за функционирањето на вработените како еден тим.
Работилницата се состоеше од неколку игри, практични вежби и симулации, а целта на настанот беше да се согледаат факторите кои го поттикнуваат стресот на работно место и ефикасно справување со истиот од страна на вработените за подобрување на резултатите во секојдневното работење.