Новости
среда, 09 ноември 2016 13:52
Државниот секретар за европски прашања Ана Блажеска овој викенд, 5.-6. ноември, учествуваше на конференција на институтот „Конфуциј“, која се одржа во рамките на соработката на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, во Рига, Латвија.
Во своето обраќање на конференцијата Блажеска се осврна на соработката на македонската влада со институтот за кинески јазик „Конфуциј“ во насока на воспоставување часови по кинески јазик за административни службеници.
„Обучени државни службеници кои ја познаваат Народна Република Кина и го говорат кинескиот јазик се предуслов за натамошно успешно иницирање и спроведување проекти меѓу двете земји во различни области“, истакна Блажеска, додавајќи дека ваквата соработка претставува иновативна иницијатива која може да биде пример и добра насока на владите од останатите земји во рамките на соработката 16+1.
Соработката 16 + 1 е иницијатива на Народна Република Кина за интензивирање и проширување на соработката со 11 земји-членки на ЕУ и 5 балкански земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Летонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Македонија) во областа на инвестициите, транспортот, финансиите, науката, образованието и културата, а во рамките на иницијативата Кина има дефинирано и три потенцијални приоритетни области за економска соработка: инфраструктура, високи технологии, како и зелените технологии.