Новости
петок, 04 ноември 2016 11:56
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми, на 03.11.2016 година оствари средба со словенечкиот пратеник во Европскиот парламент Алојз Петерле.
За време на средбата соговорниците се осврнаа на политичките случувања во земјата, особено на важноста да се организираат демократски и кредибилни избори чии резлуатати ќе бидат широко прифатени, а со тоа земјата конечно да излезе од долгата политичка криза и да се фокусира на неопходните реформи. Вицепремиерот Адеми ја истакна и важноста на континуираната поддршка- на Европскиот парламент за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, и изрази очекување дека истата ќе се рефлектира и во следната резолуција на Европскиот парламент за земјата.
„Ние сме свесни дека политичката криза во земјата влијаеше врз многу сегменти, вклучувајќи ја и динамиката на реформите поврзани со ЕУ“, рече Адеми.
Европратеникот Петерле ја потврди поддршката за еворинтеграцијата на земјите од регионот вклучително на Македонија, и посочи на потребата да се покажат конкретни резултати во реформскиот процес. Тој исто така истакна дека земјата одиграла позитивна улогаво справувањето со мигрантската криза.