Новости
понеделник, 03 октомври 2016 15:13
Во рамки на работната посета на Брисел, заменик претседателот на Владата г-дин Арбр Адеми, денеска се сретна и со пратеникот во Европскиот парламент г-дин Едвард Кукан како и со Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи г-ѓа Хелга Шмит.
На двете средби повторно беше потврдена европската перспектива на земјата, но воедно беше потенцирана и важноста за одржување на фер, демократски и кредибилни избори како најважен чекор за излез од политичката криза.
Воедно соговорниците ја нагласија и важноста посветено да се работи на имплементација на Итните реформски приоритети, да се продолжи со поддршката за важната работа на Специјалното јавно обвинителство како и Спроведувањето на Охридскиот Рамковен договор како клучен документ за понатамошно унапредување на меѓуетничките односи.