Новости
вторник, 27 септември 2016 11:26
Државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Ана Блажеска денес присуствуваше на свеченоста по повод Светскиот ден на институтите „Конфуциј“.
Во своето обраќање до присутните, Блажеска упати честитки до институтот „Конфуциј“,посакувајќи понатамошен успех во работењето,како и унапредување на соработката.
Секретаријатот за европски прашања со Институтот „Конфуција“ има успешна соработка и како резултат на истата државните службеници почнувајќи од септември 2015 година имаат можност бесплатно да го изучуваат кинескиот јазик.
Со цел да се одбележи Светскиот ден на институтите „Конфуциј“ сите 500 институти „Конфуциј“ во светот во текот на последната недела од септември организираат отворени културни манифестации на кои се придружи и Институот „Конфуциј“ при УКИМ со соодветна програма.