Новости
четврток, 15 септември 2016 13:37
Денес во просториите на Клубот на пратеници се одржа Презентација за ИПА I и II за државни секретари. Настанот го отвори државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Ана Блажеска заедно со г. Томислав Беловари, експерт од Владата на Хрватска кој е воедно и соработник на Секретаријатот за европски прашања во рамките на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на оперативните и институционалните капацитети за процесот на европска интеграција“.
„Државните секретари се многу важна алка во рамката на ИПА, особено во процесот на донесување одлуки во делот на стратешкото планирање, воведување на секторскиот пристап и управувањето со ИПА административните капацитети, па оттука сметавме дека треба да бидете запознаени со позитивните искуства на Република Хрватска “, рече Блажеска.
Денешната презентација е дел од низата обуки кои Секретаријатот за европски прашања ги организира во рамките на твининг проектот во кој се опфатени поголем број административни службеници од различно ниво.