ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Координативна средба со донаторите, поврзана со штетите нанесени во невремето во Скопје и Тетово
16:19, среда, 10 август 2016

 Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа координативен донаторски состанок, во врска со катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд. Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми, го водеше состанокот, а свои обраќања имаа и г-дин Никола Тодоров, Заменик претседател на Владата и министер за здравство, г-дин Кирил Миноски, Министер за финансии, г-дин Илија Исајловски Заменик министер за надворешни работи (да се потврди), како и г-ѓа Луиза Винтон, Постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП како и г-дин Мартин Клауке, раководител на сектор за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Вицепремиерот Адеми посочи дека целта на состанокот е да се искористи максимално потенцијалот за финансирање од страна на донаторите со координиран пристап за насочување на помошта и ги истакна првичните дефинирани приоритети за насочување на помошта за реконструкција и поправка на оштетените куќи и други значајни објекти, поправка на инфраструктурата и мерки за понатамошна заштита помош за МСП, и за оштетените фарми и санација на земјоделското земјиште, како и директна помош за институциите за заштита.

Беше надгласано дека во оваа фаза преоценките на штетите се многу индикативни, но се работи на нивно допрецизирање. Адеми информираше и дека е активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, преку кој се направени сателитски снимки на теренот а веќе на терен се и нивни експерти за проценка на првичните потребни за населението.

Вицепремиерот Адеми им се заблагодари на сите донатори за нивната поддршка во минатото и ги повика и останатите меѓународни чинители да дадат свој придонес за да може Македонија да се справи со настанатата состојба.

Сподели ја содржината!
Вести
15-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НАИДУВА НА СЀ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ
ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ДОАЃА ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ И НА ВИСТИНСКО МЕСТО
ОСМАНИ: ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ГО ЗАСИЛУВААТ ПРИЈАТЕЛСТВОТО МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
ОСМАНИ: ЦВРСТА ЕФИКАСНА И ОБЕДИНЕТА ЕУ ПРЕТСТАВУВА ГАРАНТ ЗА СТАБИЛНОСТА НА ЕВРОПА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.