ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба на вицепремиерот Адеми со словачкиот министер за надворешни и европски прашања Лајчак
12:26, среда, 20 јули 2016

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми денеска во Братислава оствари средба со министерот за надворешни работи и европски прашања г- дин Мирослав Лајчак и во неговата функција како претседавач со Советот на ЕУ.

Вицепремиерот Адеми му честиташе на својот колега за преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Словачка и му посака успешна реализација на зацртаните цели и приоритети. За време на средбата се разговараше исто така за билатералната соработка помеѓу двете земји како и за актуелната политичка состојба во земјата.

За време на разговорот вицепремиерот Адеми истакна дека со оглед на тоа што преземањето на претседателството со ЕУ се случува во период на сериозни предизвици кои ќе бараат голема ангажираност и фокусираност од страна на европските институции и земјите членки, при што беа споменати Брегзит, настаните во Турција, последните терористички напади во Ница во Франција и продолжената мигрантска криза, истото не треба да се одрази на успорување на процесот на проширувањето и интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Вицепремиерот Адеми нагласи дека Македонија треба да се третира како дел од политичката мапа на Европската унија, од економски, геополитички причини, но исто толку ако не и поважно од безбедносни причини и обезбедување на стабилност на југоистокот на Европа поради што поддршката од Словачка за продолжување на нашиот евро-атлантски пат е огромно значење.

Соговорниците за време на средбата ги поздравија одличните билатералните односи помеѓу двете земји кои се карактеризираат со пријателство и разбирање, со взаемен интерес за нивно понатамошно унапредувањ.
Во поглед на актуелната политичка состојба во државата Адеми се осврна на ситуацијата во земјата и нагласи дека е важно решението за сите непосредни прашања да се постигне на конструктивен и сеопфатен начин и во согласност со стандардите за владеењето на правото.

Министерот Лајчак од своја страна се осврна на исклучително сложената ситуација во која се наоѓа и функционира Европската унија во моментов притоа нагласувајќи дека процесот на проширување останува приоритет но во конкуренција со другите горливи и актуелни прашања со кои се треба да се справи Европската унија во наредниот период. Тој нагласи дека за секоја земја од регионот има план за продолжување на процесот на интеграција, додека за Македонија потенцираше дека основниот предуслов за позитивен исчекор е итно, конечно решение на политичката криза, спроведување на кредибилни, фер и инклузивни избори, поддршка на работата на специјалното јавно обвинителство и целосна имплементација на итните реформски приоритети. Имајќи ги предвид сите овие предуслови, Министерот Лајчак, нагласи дека задржувањето на препораката за почеток на пристапни преговори е исклучиво во наши раце.

Вицепремиерот Адеми се заблагодари за поддршката на Република Словачка на нашите евроатлантски аспирации со надеж дека истата ќе продолжи и понатаму со засилен интензитет со оглед на високиот приоритет на агендата на словачкото претседателство за продолжување на политиката на проширување.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ЈАПОНСКАТА ПОМОШ ВО ЗДРАВСТВОТО ДИРЕКТНО ГИ ТАРГЕТИРА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ ДА ЈА ОСТВАРИ АГЕНДАТА 2025 НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
ОСМАНИ: ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДИМЕ СИТЕ ПРЕДУСЛОВИ ЗА КОНФИРМАЦИЈА НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ 2019
ОСМАНИ: ПОДОБРУВАЊЕТО НА УСЛОВИТЕ ЗА МАЛДИТЕ ЗНАЧИ И НИВНО ОСТАНУВАЊЕ ВО ДРЖАВАВА
ОСМАНИ: НАЦИОНАЛНАТА КОНВЕНЦИЈА ПРЕТСТАВУВА ОДЛИЧНА ПЛАТФОРМА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО ПРЕГОВОРИТЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.