ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба на Вицепремиерот Адеми со словачкиот амбасадор Безак
16:20, четврток, 07 јули 2016

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми денес оствари средба со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, г. Мартин Безак.

Вицепремиерот на средбата упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Република Словачка и посака успешно спроведување на програмата. очекувајќи дека поддршката на Словачка за евро-атлантската интеграција на Македонија, билатерално и во рамките на Вишеградската група, ќе биде потврдена и за време на претседателството, како и на претстојниот самит на НАТО во Варшава.

На средбата се разговараше за евро-атланстката перспектива на земјата, како и за актуелната политичка состојба, притоа истакнувајќи дека главниот фокус на сите чинители треба да биде посветување на разрешувањето на политичките предизвици, но и интензивното спроведување на Итните реформски приоритети.

Вицепремиерот Адеми изрази надеж за продолжување и продлабочување на соработка меѓу двете земји, со оглед на високиот приоритет на агендата на словачкото претседателство за продолжување на политиката на проширување независно од настаните во Унијата.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ЈАПОНСКАТА ПОМОШ ВО ЗДРАВСТВОТО ДИРЕКТНО ГИ ТАРГЕТИРА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ ДА ЈА ОСТВАРИ АГЕНДАТА 2025 НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
ОСМАНИ: ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДИМЕ СИТЕ ПРЕДУСЛОВИ ЗА КОНФИРМАЦИЈА НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ 2019
ОСМАНИ: ПОДОБРУВАЊЕТО НА УСЛОВИТЕ ЗА МАЛДИТЕ ЗНАЧИ И НИВНО ОСТАНУВАЊЕ ВО ДРЖАВАВА
ОСМАНИ: НАЦИОНАЛНАТА КОНВЕНЦИЈА ПРЕТСТАВУВА ОДЛИЧНА ПЛАТФОРМА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО ПРЕГОВОРИТЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.