Новости
четврток, 02 јуни 2016 15:30
Денес во просториите на МК-ЕУ Инфо центарот, Секретаријатот за европски прашања во соработка со амбасадата на Кралството Холандија го одржаа настанот “Европската Унија во Македонија - Кафе пауза со Холандската амбасада.
На настанот присуствуваа претставници од младинските граѓански организациии, вработени во Секретаријатот за европски прашања и претставници на медиумите кои имаа можност во неформален разговор со Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Aдеми и холандскиот амбасадор Х.Е. Вилем Вутер Пломп како и останатите присутни да ги споделат своите идеи, предлози и размислувања.
Вицепремиерот Адеми истакна дека Холандија, земја која во моментов претседава со Советот на ЕУ, како голем пријател земјата има поддржано голем број на реформски процеси во областа на владеење на правото и демократизацијата, како и можностите за усовршување на администрацијата во контекст на процесот на европска интеграција.
„Денешната средба е посветена на поврзување на младите бидејќи вие имате клучна улога во развојот на земјата и верувам дека можете да дадете значаен придонес во многу сегменти од развојот на општеството, особено од аспект на евроинтегративните процеси. Секретаријатот за европски прашања зад себе има долги години успешна и плодна соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, и соработувал преку проектни линии кои несомнено се однесуваа и на младата популација“. - истакна Адеми
Проектот "Европската унија во Република Македонија" е дел од ЕУ Агендата 2014 и 2015 на Секретаријатот за европски прашања која има за цел да ги приближи традицијата, културата и вредностите на земјите членки кон граѓаните на нашата земја и се спроведува во соработка со амбасадите на земјите- членки на Европската унија во Република Македонија.