Билатерални донатори
Координацијата на италијанските програми и иницијативи за развој е во рамките на одговорноста на Министерството за надворешни работи (www.esteri.it), додека институциите кои раководат со нив се:
Управен комитет за развојна соработка е главната институција на италијанската развојна соработка што раководи и донесува одлуки;
Генералната дирекција за развојна соработка во рамките на Министерството за надворешни работи (МНР) е одговорна за билатералните и за мултилатералните активности за развојна соработка;
Генералната дирекција за европските земји во рамките на МНР е одговорна за програмите за соработка во Западен Балкан, финансирани според посебен закон (бр. 84/2001);
Централната техничка единица ги поддржува активностите на Генералната дирекција за развојна соработка со технички совети во управувањето со проектниот циклус;
Локалните канцеларии за соработка, формирани во рамките на италијанските амбасади во земјите во развој, се составени од експерти од Централната техничка единица и од локални консултанти.
Италија во Република Македонија
Италијанската влада обезбеди поддршка за Република Македонија (http://www.italian-embassy.org.ae/ambasciata_skopje) во секторите што се од големо значење за економскиот и за социјалниот развој, како што се инфраструктурата за здравство, водоснабдување и заштита на животната средина; малите и средните претпријатија, како и итна хуманитарна поддршка за време на косовската криза. За таа цел, таа додели приближно 25 милиони евра во периодот од 1999 до 2001 година. Покрај горенаведеното, Италија, исто така, обезбеди поддршка и за македонското јавно претпријатие за радиодифузија и за канцеларијата на Народниот правобранител.
За секоја договорена програма, Владата на Италија и Владата на Македонија потпишуваат посебни билатерални договори.
За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad
Лицa за контакт од СЕП:
Јован Деспотовски
jovan.despotovski@sep.gov.mk
тел: (02) 32 00 138
Зуица Змејковска
zuica.zmejkovska@sep.gov.mk
тел: (02) 32 00 145