ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Вицепремиерот Бесими во Софија: Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат Европската визија за регионот
16:31, среда, 26 јуни 2013

Денеска Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими престојуваше во работна посета на Република Бугарија, при што оствари средба со Заменик претседателот на Владата на Република Бугарија Зинаида Златанова, како и со Министерот за надворешни работи Кристијан Вигенин.

За време на средбата со вицепремиерот на Бугарија Златанова, Бесими се осврна на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда. Во таа насока, заменик претседателот на Владата Бесими ја истакна важноста на Европската агенда да продолжи во наредниот период.
Исто така, Бесими ја потенцираше заложбата на Република Македонија во насока на зајакнување на билатералните односи со Република Бугарија, продолжување со средбите на високо ниво,континуирана имплементација на постоечките договори, како и потпишување на нови со цел понатамошно одржување на добрососедски односи.
На заедничката средба во Софија,вицепремиерот Бесими со шефот на бугарската дипломатија Вигенин се согласија дека Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатлантските структури. Воедно во овој процес, поддршката од соседите е есенцијална.
Соработката со Република Бугарија на патот кон наше полноправно членство во европските и евроатланските интеграции се одвива согласно Меморандумот меѓу двете земји за европска и евроатланска интеграција констатираа заеднички.
Република Македонија е заинтересирана за унапредување на политичкиот дијалог на највисоко ниво со Република Бугарија, вклучително и официјални посети а секако и поддржани и со поинтезивни средби на професионално и техничко ниво, рече вицепремиерот Бесими.
Одржување на добрососедските односи со земјите од регионот е особено значајно за Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, а воедно и конструктивното учество во билатералните односи со Република Бугарија, рече Бесими.

Домаќините беа информирани за активностите и реализацијата на реформските процеси во државата, особено во поглед на реализација на препораките во областите, кои, како клучни се посочени од Европската Комисија, односно судството, јавната администрација, слободата на изразување и други области. Во овие рамки заменикот на претседателот на македонската Влада, д-р Бесими информираше за статусот на активностите од Предпристапниот дијалог на високо ниво со Европската Комисија, како и техничкиот дијалог за 23-то и 24-то поглавје. Целите и обврските што произлегуваат од овој дијалог содржани се во заеднички Оперативен план и претставуваат мотив повеќе и насоки во реализацијата на активностите во процесот на приближување кон Унијата.

Особен интерес беше искажан во однос на регионалната соработката, со акцент на искористувањето на европските финансиски фондови, особено преку ИПА Програмата за преку-гранична соработка. Досегашното искуство покажува позитивен тренд на овој вид соработка, која на задоволство на двете страни е поддржана од Европската Комисија.

 


Од страна на домаќините беше изразено разбирање за македонските актуелни предизвици, подготвеност за унапредување на билатералните односи, а беше потврдена поддршката и помошта во остварувањето на напорите кои што Македонија ги прави во насока на исполнување на последните од низa обврски и критериуми во процесот на интеграција во европските структури. Беше поздравена динамиката на остварувањето на активностите од Предпристапниот дијалог на високо ниво меѓу нашата држава и Европската комисија, што ја потврдува посветеноста на Македонија во остварувањето на стратешката цел. Во тие рамки беше нагласена подготвеноста за конкретна помош при подготовка на одредени подглавја, како и искуствата од искористувањето на ИПА и ИПАРД фондовите.

На крајот нагласи дека независно од одлуката на Брисел Република Македонија продолжува со агендата на реформи и добрососедски односи, што според бугарскиот министер за надворешни работи и вистинска политика за надминување на состојбата.
 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.