Говори
среда, 26 јуни 2013 10:51
Секретаријатот за европски прашања традиционално секоја година како партнер на Делегацијата на европската унија и Европското движење на Република Македонија активно учествува во реализацијата на настаните за одбележување на 9 Мај – Денот на Европа.
Зошто е многу важно промоцијата на европската идеја?
Идејата за Европа е идејата на изградба на повисок стандард, и подобар живот. Тоа е идеја за мирот, идејата за единството во разновидност, која преживува со години во Европа, за да таа стане стабилна и развиена. Преку Европската Унија, земјите на стариот континент одлучиле да ги надминат конфликтите и минатото, и да градат заедничка иднина во прогрес и развој, кон заедничкиот соживот во мир и хармонија.
Имајќи предвид дека процесот на европска интеграција вклучува спроведување на голем број на реформи чија крајна цел е да се приближиме до европските стандарди и на тој начин да ги подобриме условите за живот на сите граѓани на државата, од особена важност е граѓаните да се запознаат со сите реформски процеси.
Затоа, активностите предвидени во Програмата за одбележување на Денот на Европа се одлична можност за Република Македонија како земја кандидат да се приклучи кон другите европски држави во одбележувањето на овој значен ден за европското обединување, но исто така и уште една можност граѓаните да добијат повеќе информации за патот на Република Македонија кон членството во Европската Унија.
Како вицепремиер задолжен за европски прашања ќе бидам вклучен во повеќе активности како што се отворањето на проектот „Младите за Европа“ кој ќе се одржи во МК-ЕУ инфо центарот на Секретаријатот за европски прашања, главната прослава на Денот на Европа во Паркот на Франкофонијата, ќе учествувам и на натпреварот по ораторство и на Свечената академија, како и на Денот на европското знаме и на скопскиот маратон. Покрај тоа, во Секретаријатот за европски прашања ќе се одржи работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Воедно, би сакал да истакнам дека вклучувањето на амбасадорите на земјите членки на ЕУ како и амбасадорот Орав во реализацијата на овие активности е уште една потврда дека тие се наши вистински пријатели и дека искрено ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во Унијата.
Членството во ЕУ отсекогаш било главна стратешка определба на нашата земја која има безрезервна поддршка од сите граѓани, затоа верувам дека сите ќе се вклучат во активностите за одбележување на 9 Мај и со тоа ќе ја потврдат поддршката за процесот на евроинтеграција.