ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими оствари средба со Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-дин Жан Клод Мињон
14:02, среда, 12 јуни 2013
Денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари официјална средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон и Роберт Волтер известител на мониторинг комисија на парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија
 
На средбата се дискутираше за напредокот на Република Македонија во процесот на европска интеграција, при што вицепремеирот Бесими се осврна на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда. Во таа насока, Бесими истакна дека Пристапниот дијалог овозможи де се добие нова динамика во остварувањето на реформите во петте клучни области и дека постигнатиот напредок беше соодветно нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија.
 
Воедно, вицепремиерот се осврна на активностите преземени за адресирање на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, особено во делот на слободата на изразување, изборната реформа, реформата на јавната администрација и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи како и мерките за задржување на економската стабилност, намалување на невработеноста и вработувањето на младите. Во тој контекст, Бесими го подвлече значајниот придонес на експертите на Советот на Европа при подготовката на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета како и во процесот на подготовка на Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој што е во тек.
 
Ние и понатаму остануваме посветени на исполнувањето на преземените обврски во евроинтегративниот процес и очекуваме Европскиот совет соодветно да го утврди напредокот нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија и во Резолуцијата за напредокот на Република Македонија усвоена од страна на Европскиот Парламент на 23 мај 2013 година“ рече Бесими.
 
На крај преставниците на парламентарното собрание на Советот на Европа заедно со Бесими го поздравија формирањето на анкетна комисија  и успешно очекуваат периодов да си ја врши својата должност.
 
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.