ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОБРАЌАЊЕ НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БЕСИМИ ПРЕД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
16:21, вторник, 04 јуни 2013

Денеска, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, престојува во работна посета на Брисел во рамки на која се обрати на дебата пред претставници на Европскиот pарламент на тема „Од сон до реалност: нов поттик за реформските процеси".
Во своето излагање вицепремиерот Бесими истакна дека процесот на обединување на европските држави е процес кој донесе мир, стабилност и просперитет на европскиот континент и со тоа претставуваше основен поттик за многу земји од Европа, вклучувајќи ја и Република Македонија да се приклучат кон Европската Унија.

Во тој контекст, Бесими подвлече дека членството е стратешка определба на земјата и затоа Владата е посветена на имплементација на сите неопходни реформски процеси, особено во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво кој овозможи да се воведе дополнителна динамика на целиот процес.

Вицепремиерот се осврна и на постигнатиот напредок во однос на реализацијата на активностите на Пристапниот дијалог и тоа декриминалзиацијата на клеветата и навредата, преводот на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, измените на изборното законодавство и прочистувањето на Избирачкиот список, реформите во делот на јаваната администрација, судството како и мерките за задржување на економската стабилност, намалување на невработеноста и вработување на младите.

„Позитивниот моментум во имплементацијата на реформите од европската агенда мора да се задржи. Ние очекуваме Европскиот совет соодветно да го валоризира напредокот нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија и во Резолуцијата за напредокот на Република Македонија усвоена од страна на Европскиот парламент на 23 мај 2013 г. Исто така, во заклучоците на Генералниот совет од 11 декември 2012 година, напредокот постигнат во областите тесно поврзани со правдата, слободата и безбедноста беше признат од страна на земјите-членки и земјата беше поттикната да продолжи со реформите во делот на Пристапниот дијалог на високо ниво, унапредувањето на добрососедските односи и изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името. Ние и понатаму остануваме посветени во унапредувањето на дијалогот со претставниците на медиумите и во изнаоѓање заеднички решенија за подобрување на законската рамка во делот на изборите, а лидерите на политичките партии кои постигнаа политички договор на 1 март оваа година, да се фокусираат на неговото спроведување, вклучувајќи и воспоставување и започнување со работа на Анкетната комисија за настаните од 24 декември“, рече Бесими.

На дебатата свои излагања имаа и членовите на Европскиот парламент Ричард Ховит, кој воедно е и известувач за Македонија, како и Јелко Кацин и Едуард Кукан.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.