Говори
среда, 15 мај 2013 15:08
Дами и господа,
За мене претставува голема чест и задоволство да ви се обратам денес на овој форум, бидејќи јас силно верувам дека патот кон ЕУ не може да се третира без силна заложба и вклученост на сите соучесници кои што можат да припомогнат во процесот.
Парламентарната соработка го проширува партнерството на соучесниците различни од централните влади и ни дава можност да се развие дијалог меѓу земјите. Тоа претставува заложба за стратешко партнерство меѓу земјите, како резултат на кои се основани извонредни односи на политичко ниво. Имајќи битен дел во обликувањето на дебатата за националните развојни приоритети, нема цена која што може да се стави на важноста на споделување на информации и добри практики помеѓу парламентите и обезбедување ефикасна примена на парламентарните компетенции во прашањата поврзани со ЕУ.
Самата соработка била подигната на друго ниво од декември 2009 година, кога една нова ера на меѓу парламентарна соработка започна со Лисабонскиот договор - отворајќи ги вратите за поголема улога на националните парламенти во ЕУ прашањата, додека, исто така, поставувајќи го Европскиот парламент во центарот на законодавниот процес на Европската унија. На патот кон ЕУ, улогата на парламентот да ја надгледува владината политика во целина, како и буџетскиот процес особено е од витално значење, бидејќи тоа гарантира дека владите ги извршуваат националните политики на ефикасен, демократски и фискално одговорен начин.
Имајќи ги во предвид постојаните институционални промени и зголемувањето на бројот на политички области регулирани на ниво на ЕУ е од особена важност за засилувањето на парламентарната димензија, преку проширување на демократска контрола и одговорноста при донесување на одлуките и обезбедување поголема транспарентност и отвореност во процесот на донесување одлуки.
Кога зборуваме за соработка помеѓу граѓанското општество и државните институции тоа може само да донесе корист за двете страни. Сите прашања кои произлегуваат од преговарачкиот процес, кои се од значење за јавноста, ги поттикнуваат невладините организации да станат поактивни во обликувањето на политичките агенди. Граѓанското општество го одржува и подобрува капацитетот на сите негови членови да се изгради едно грижливо и взаемно одговорно општество за промовирање на економската и социјална благосостојба.
Поради тоа, идентификувањето и имплементирањето на ефикасната комуникација и ангажираност на механизми со цел јавноста да ја направи вистински учесник во процесот на ЕУ интеграцијата и да се развие чувство на сопственост стана императив. Организациите на граѓанското општество се основните играчи кои ќе одговорат на овие потреби.
Воспоставувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) од март 2012 година, не само што го интензивира реформскиот процес на пристапување на земјата во ЕУ и ги продлабочува односите меѓу Република Македонија и Европската унија, но исто така придонесува кон консултации со сите одговорни страни во инклузивен дух.
Владата преку Секретаријатот за европски прашања има воспоставено добра пракса на редовни консултации со граѓанското општество на прашања поврзани со процесот на пристапување преку редовно консултирање со нив при подготовката на овие документи. Вклучувањето на граѓанското општество во процесот на развој на политики и во подготовката на законодавството во Република Македонија е зголемено и Европската Комисија го препозна тоа, проценување на учеството на невладините организации во креирањето на политиките, како генерално обезбедени (Извештај на ЕК за напредокот 2012).
Имајќи во предвид дека глобализација и интеграција се императив што доведува до подобар квалитет на животот ние сметаме дека евроинтеграциите како најдобра алтернатива за иднината на Република Македонија има постигнато ниво на соработка и партнерство меѓу овие учесници е од големо значење во рамките на тековните реформи во земјата.