ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Отворање на меѓународната конференција “Вградување на знаењето за ЕУ”
11:56, среда, 24 април 2013

Процесот на европска интеграција на Македонија не е исклучиво во надлежност на државните институции, туку на целото општество, на сите граѓани. Сите ние треба да дадеме придонес за да се исполни целта, порача вицепремиерот задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими обраќајќи се на Конференцијата „Вградување на знаењето за ЕУ“ што се одржува денеска во Скопје.

- Европската интеграција е важен, комплексен и релативно долг процес. Ние треба да градиме капацитети за да го спроведеме процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Но, исто така, тие капацитети треба да ги подготвиме да бидеме конкурентни на европскиот пазар, и да бидеме подеднакво подготвени како и сите други граѓани и институции од земјите членки на ЕУ во исполнувањето и почитувањето на стандардите и принципите што владеат во Унијата, рече тој.

Ние, додаде Бесими, сме свесни за важноста на процесот за Македонија и за сите земји во регионот, бидејќи, како што истакна, европската перспектива се покажа како еден од главните катализатори кои доведоа до спроведување на суштински реформи и зајакнување на демократските стандарди. Европската и евроатланската интеграција, додаде, е важна и поради тоа што овозможува мир, стабилност и економски развој.

- За овој процес да биде ефикасен нам ни се потребни ресурси. Токму затоа, сметам дека формирањето на една мрежа од експерти кои знаењето го стекнале на реномирани европски институции и работат на прашања поврзани со европската интеграција може да даде значителна поддршка и екпертиза во преговарачкиот процес, рече вицепремиерот Бесими.

Британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон се согласува дека за успешна реализација на овој евроинтеграцискиот процес е потребен ангажман на сите ресурси, на целокупното општество. Покрај на државните институции, потребен е и придонесот на поединецот, на цивилниот сектор, но и споделување на стекнато знаења за општо добро на државата.

- Европската интеграција е ваша задача, ваша одговорност. Ваш е и изборот дали сакате да ја преземете одговорноста. Мислам дека меѓународната заедница има изготвено многу јасен патоказ како Македонија ќе се движи кон своето членство во ЕУ, така што таа ја исполни својата обврска. Сега топката не е кај нас, туку кај државтата, рече Ивон.

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика смета дека младите експерти преземаат одговорност да дадат позитивен придонес и поттик во процесот на европската интеграција на Македонија.

Конференција „Вградување на знаењето за ЕУ” е организирана од Институтот за европска политика со поддршка од Британската амбасада.

(Извор: МИА)

Сподели ја содржината!
Новости
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
Вицепремиерот Димитров во Брисел на средба со потпретседателот на Европската комисија, Схинас
Средба Димитров – Вархеји
Димитров од Брисел: „Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.