Говори
четврток, 18 април 2013 17:15
Почитуван г-дин Рамадани, Претседател на Евроатланскиот Совет на Македонија, Ви благодарам првин за поканата на вас и на Стопанската комора,
Почитуван г-дин Рафајловски,
Почитувани ценети претставници на Стопанската комора на бизнис заедницата на Академската заедница и претставници на медиумите,
Почитувани присутни, на оваа Конференција на Тема која е секогаш актуелна за нас во овие 20 години како РМ, како самостојна држава се определи за својата иднина како стратешка определба за Евроатланската интеграција, со други зборови да ја видиме РМ како дел од Евроатланската заедница која промовира вредности што се совпаѓаат со современата цивилизација на слобода на човекот, слобода на граѓаните, слобода на бизнисот како основа и принцип за развој гледано глобално, и ова е особено важно затоа што сакала или не Македонија, светот се движи напред кон глобализацијата, кон развојот на технологијата, работи што не прават се повеќе поблиски и покомплексни во однос на соработката.
Од таа гледна точка мислам дека темата става акцент токму на оваа определба на РМ и можам да кажам дека една од темите што ги става на иста маса сите политички опции во РМ. Тоа е веќе докажано дека секоја политичка партија ако гледате од нивната програма ја има Евроатланската иднина на РМ. Можеби се разликува во пристапот како тоа да се постигне, меѓутоа тоа е една јасна определба не само за нас граѓаните на РМ туку и за инвеститорите и за економијата. Ова го спомнувам како определба зошто е важно.
Сметам дека за развој на економијата еден од главните двигатели за развојот на економијата се инвестициите и иновациите, отворање на нови работни места а со тоа и со нова технологија која ќе привлече преку либерализација на пазарот, креирање една економија со по здрава основа и поконкурентна економија која ќе биде спремна да конкурира во рамките на регионалниот, европскиот пазар и пошироко на глобалниот пазар. Токму од тие причини за да привлечеме такви инвестиции, да привлечеме знаење, значајно е во РМ да обезбедиме предвидливост и стабилност на нашиот систем, да обезбедиме патека за тие што сакаат да инвестираат во РМ. Јасна е определбата на РМ во евроатланските интеграции и тоа е јасниот сигнал што инвеститорите, економијата и бизнисот треба да го стекне во РМ.
Коментарот што вие го дадовте од ваш колега и пријател од земјите членки, што ќе стане ден после НАТО, верувајте дека исто Македонија ќе избира, обичниот граѓанин нема да примети наредниот ден, само ќе знаеме дека имаме уште поголема обврска со тоа што стануваме и официјално и формално дел од едно поголемо семејство од евроатланската заедница каде што се промовираат одредени вредности кои исто така треба да бидат дел од нашите вредности. Значи ова е тој политички контекст, дали дилемата за економијата и за РМ, дали евроатланската интеграција, дали РМ овој пат се движи со саканата динамика или потребната динамика за да ги почувствуваме ефектите?
Ова тема е значајна посебно што 20 години регионот и РМ ја имаме како главна тема и политичарите воглавно се занимаваат со оваа тема и со ова ветување до граѓаните и креираме такви очекувања дека со евроатланската интеграција во Македонија и регионот ќе се живее побезбедно и ќе живее во еден по развиен свет. Можам од сега да кажам дека дел од мисијата е постигната, затоа што Македонија и регионот во овие 20 години покажаа дека беа еден школски пример како во еден комплексен регион на различности од сите аспекти и етнички и религиозни. Може да одат во една крајност на конфликти и војни и растурање на систем и иднина во еден стабилен период, значи две декади деведесеттите години и последната декада од 21 век.
Тоа што го стави регионот во мир и стабилност, токму овој концепт, токму евроатланската интеграција, токму надежта за подобра иднина. И тоа е ветувањето кое ние го носиме во регионот и ветување на кое верува бизнисот. Меѓутоа за разлика од граѓаните кои се по оптимисти и очекуваат подобра иднина, бизнисот покрај оптимизмот го имаат и делот што значи рационален пристап, инвестициите. Затоа што инвестицијата за година дена треба да покаже дали таа ја оправдува очекуваната цел. Од таа гледна точка јас можам да кажам дека оваа тема за Македонија и за регионот има делумно постигната цел, затоа што е воспоставен мир во регионот овие 10 години покрај многу политички предизвици.
Динамиката е важна за кредибилитетот на овој процес да остане актуелен, што побрзо регионот да се интегрира во евроатланската заедница, односно во ЕУ. Тоа е подобро за економската перспектива на регионот. Меѓутоа ова не е доволно. Мирот кој го имаме не е доволен, ако тој не е одржлив. Тој може да биде одржлив ако има здрава економска основа, ако регионот се развива со побрза динамика, ако во регионот има повеќе инвестиции, ако во регионот има повеќе работни места и ако регионот стане поконкурентен на европскиот и глобалниот пазар.
Токму тоа се и препораките кои произлегуваат од критериумите во Копенхаген. Тие не се само формални препораки како што беа спомнати тука, не се пишани зборови во документ и во хартија туку тие се препораки за функционалност и подготвеност на нашата земја за членство во тој поголем пазар. Од ова гледна точка јас би наброил некои аспекти или четири работи што би биле важни за евроатланските процеси. Односно тоа што е важно за евроатланската интеграција е дека важен придонес за овој процес е мирот и стабилноста што се постигна во регионот. Втора работа на евроатланската интеграција е либерализацијата, односно политиката на либерализација на трговија на стоки и услуги, либерализација на движење на ресурсите за развој како што се: стоки и услуги, човечки капитал, знаење, инвестиции итн.
Третиот придонес што го очекувам од евроатланските интеграции се владеењето на правото и функционалноста на пазарната економија. Значи со реформите што се прават согласно исполнување на стандардите на ЕУ и во РМ и земјите од регионот главно владеењето на правото и функционирање на кредибилни институции се важен елемент за инвестиции, и четврто тоа што би требало да се смета како придонес е предвидливоста на системот. Значи сите овие работи помагаат за бизнисот да се развие пред се ако имаме мирен и стабилен регион, ако има политики на либерализиран пазар за да може слободно да се движи бизнисот и ако имаме кредибилни институции да може да функционира пазарната економија и да имаме стабилни очекувања за да имаме здрави инвестиции. Тие се четири очекувања од Евроатланските интеграции. Значи ако го следиме бранот на проширување на ЕУ од 1957 година, кога шест земји членки станаа земји на ЕУ, потоа 1973 година уште три земји членки , 1980 година уште три земји , и деведесеттите уште дополнителни три земји. Пред периодот од деведесеттите години, почна концептот на ЕУ за проширување и кон поранешните социјалистички земји, односно да се воведат плански економии во пазарната економија на ЕУ. Тие се брановите од 1999 година, потоа 2004 година, 2007 година и последното што очекуваме оваа година да се случи со Хрватска.
Земјите како што се Полска, Унгарија, Словенија, Чешка, Словакија, Кипар,Малта, Естонија, Латвија, Литванија се земји кои после членството во ЕУ или започнување на преговорите, странските директни инвестиции покажаа значителен пораз. Следствено и бруто домашниот производ во овие земји покажаа раст. Сличен пример е и со Романија и Бугарија со членството во ЕУ и во НАТО. Сличен пример за членството во НАТО е и со Албанија во однос на странските директни инвестиции кој подоцна се рефлектира и врз бруто домашниот производ. Сите овие примери и статистики покажуваат за значењето на економскиот развој што го има Евроатланскиот интегративен процес.
Дозволете ми на крај само да потсетам дека покрај овие статистики и овој прогрес, во економијата исто така има и периоди на рецесија како што бевме сведоци во последните години на глобално ниво и во ЕУ. Меѓутоа гледано од аспект на период на глобализација, ние во овој случај немаме можност на избор. Македонија е мала економија, и регионот е мала економија, ние не можеме да се изолираме и да се засноваме само на нашите ресурси за економскиот развој, поготово по основ на базата што ја имаме за развој што сме далеку од тоа што се развиените земји од Европската унија. Значи на нас ни останува само подобра интеграција, побрза интеграција во пазарот за да можеме да ја искористиме можноста за развој.
Исто така би сакал да потенцирам дека тоа што сега во овој период делува позитивно во однос на соработката и економската трговија со ЕУ, е концептот за асиметрична трговија што се нуди со договорите за стабилизација и асоцијација за земјите од регионот кои порано имаа помала интеграција со ЕУ, и во 2010 година тој тренд достигнал раст со тоа што земјите од регионот и Западен Балкан а тука влегува и РМ, во просек достигнале ниво на 61% и 64% увоз - извоз со ЕУ.
Значи ЕУ останува најголем партнер за нашите економии односно за регионот и за РМ. Имплементација на стандардите и политиките за реализација и воведување на нови стандарди во системот владеење на правото, функционална пазарна економија, значат поголема сигурност за нашата иднина и за нашата економија. Со други зборови, стабилноста што е обезбедена треба да се подржи со економски раст за да се постигне целта на членство во евроатланската заедница со подобар стандард на граѓаните на РМ.