Говори
четврток, 18 април 2013 17:12
Почитувани амбасадори,
Драги гости,
Дами и господа,
За мене е големо задоволство да бидам тука денес. Би сакал да се заблагодарам на Амбасадата на Република Франција за поканата и организирањето на овој значаен семинар за преговорите во Европската унија. Ние веруваме дека овој семинар ќе биде многу амбициозен и во него ќе се покријат на еден подлабок начин сите аспекти на преговорите, кои ќе помогнат во дефинирањето и барањето на националните позиции во ЕУ, и ќе го сподели искуството во однос на преговорите за поглавјата 23 и 24.
Верувам дека европската интеграција е најдобрата алтернатива за иднината на Република Македонија. Нашата земја има инвестирано многу и покажа голема посветеност во спроведувањето на приоритетите за интеграција во ЕУ. Минатата година беше особено интензивна - Пристапниот Дијалог на Високо ниво меѓу Република Македонија и ЕУ се покажа како исклучително важна иницијатива, каталитички настан во смисла на поттикнување на реформите и продлабочување на односите со ЕУ.
Напредокот постигнат во однос на реформата на судството, слободата на изразување, борбата против корупцијата, меѓуетничките односи, економските критериуми и сите други поглавја, беше признаен не само од страна на Европската комисија во својот редовен извештај за напредокот, но исто така и од страна на Советот на заклучоците на ЕУ од 11 декември.
Ние веруваме дека овој семинар доаѓа во вистинско време, од неколку аспекти:
- И покрај комплексните заклучоци од Генералниот Совет од 11 Декември 2012 година , напредокот постигнат во сите области на правото на ЕУ беше признаен од страна на земјите-членки и земјата беше охрабрена да продолжи со реформскиот процес.
- Советот на министри на ЕУ одлучија да воспостават јасна рамка за преговорите за пристапување со Република Македонија, која е од суштинско значење за нашиот процес на евроинтеграцијата, бидејќи рамката обезбедува пристапните преговори да се отворат врз основа на Извештајот што ќе биде подготвен од страна на Европската комисија во наредните денови.
- Имајќи го предвид новиот пристап на Европската комисија за преговори во Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права и 24 правда, слобода и безбедност, Република Македонија презеде значајни мерки во смисла на утврдување на степенот на усогласеност на националното законодавство со ЕУ и по сопствена иницијатива и про-активно спроведе т.н. "self screening", од главите 23 и 24, со што се дефинираат идните предизвици кои треба да се исполнат.
Европската комисија го поздрави овој пристап и, исто така, напомена дека администрација на Република Македонија покажаа висок степен на познавање на европското законодавство во овие области.
Ние веруваме дека оваа про-активност е вистинско, и ние ќе го искористиме нашето најдобро за да покажеме истрајност на патот кон ЕУ, а особено доставување на понатамошни резултати.
Во согласност со сите и во поглед на Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, подготвени сме да направиме преглед на постигнатите резултати во согласност со мерките во клучните реформски области: слободата на изразување, владеењето на правото, борбата против корупцијата, јавната администрација, меѓуетнички дијалог, изборните реформи и економските критериуми, кои се доставени до ЕК.
Исто така, веднаш по објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот беше усвоен Акциониот план за отворање на пристапните преговори, како и ревизијата на НПАА за 2013 година, кој предвидува важни активности да бидат завршени во сите поглавја.
Дозволете ми да нагласам уште еднаш за силната заложба на Владата да постигне конкретни резултати во сите области од Пристапниот дијалог на високо ниво, опфатени со критериумите од Копенхаген. Не се сомневам дека нашите остварувања ќе бидат правилно оценети од страна на ЕК, како и од страна на земјите-членки на ЕУ на претстојниот Самит во јуни.
Почитувани амбасадори,
Дами и господа,
Дозволете ми уште еднаш ја изразам мојата благодарност за вашата покана и организација на овој значаен семинар. Билатералната соработка е неизбежна и на тој начин од најголема важност, имајќи предвид дека проблемите бараат решенија, а со тоа и на билатералната соработка е неизбежна и мора да биде сфатена како средство за зближување за нашата интеграција во евро-атлантските институции. Убеден сум дека нашите односи ќе продолжат да се развиваат и да се прошират во иднина.