English      


[19.07.2010]
Објавен повик од Програмата за прекугранична соработка Република Македонија – Република Грција
 
[ назад кон листата на новости ]

  

На 19 јули 2010 година е објавен Повик за проектни предлози од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција, која е во рамките на Втората компонента
од ЕУ-Инструментот за претпристапна помош (ИПА) наменет за потенцијалните, и земјите-кандидати за членство. 

Повикот за проектни предлози ќе биде отворен до и заклучно со 18 октомври 2010 година, како последен рок за поднесување на апликации.

Вкупно достапните финансиски средства од овој повик изнесуваат 6.188.651 евро, што вклучува средства од Европската унија и национално ко-финансирање и се однесуваат за двете страни на границата. За Република Македонија достапни се вкупно 2.251.302 евра.

Повикот е отворен за проектни предлози за двете приоритетни оски и шест мерки, и тоа:
 Приоритетна оска 1: Подобрување на прекуграничниот економски развој:
1. Економски развој;
2. Зајакнување на човечки ресурси;
3. Развој на одржлив туризам; и
4. Здравствена заштита.
 Приоритетна оска 2: Јакнење на природните ресурси и заштита на културното наследство во пограничната област:
1. Промоција и заштита на природните ресурси во пограничната област; и
2. Промоција и заштита на природното и културно наследство во пограничната област.

Во рамките на двете приоритетни оски, висината на предлог проектите ќе биде минимум 150.000, а максимум 750.000 евра. Минималниот износ на предлог проект од проектен партнер не смее да биде понизок од 30.000 евра.

Подетални информации околу тоа кои институции имаат право на учество, апликацискиот пакет и упатството за аплицирање се достапни на http://www.interreg.gr/default.aspx?lang=en-B&loc=1&page=585&Callitem=23, а исто така ќе бидат достапни и на интернет-страницата на Министерстовото за локална самоуправа: http://www.mls.gov.mk

 



12345678910...
Секретаријат за европски прашања 2008