English      
Слободен пристап до информации

       Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, беше усовоен во јануари 2006 година со што Република Македонија влезе во заедницата на над 75 земји од светот кои имаат закони со кои се гарантира правото на пристап до информации од јавен карактер. Законот е во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија со којшто се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.


Во согласност со член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службени лица кои ќе посредуваат и ќе укажуваат помош при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, СЕП ги назначува следниве лица:

 

Гонца Стојановска                                        Игор Марковски
Секретаријат за европски прашања                 Секретаријат за европски прашања
Бул. Илинден бб.                                             Бул. Илинден бб.
1000 Скопје                                                     1000 Скопе                                                
тел:(02) 3200-234                                             тел: (02) 3200 113
факс:(02) 3113710                                            факс:(02) 3113710
Gonca.Stojanovska@sep.gov.mk                       Igor.Markovski@sep.gov.mk

Електронско барање за пристап до информации од јавен карактер

 

Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер:
www.sinf.gov.mk
www.komspi.mk

 

 Секретаријатот за европски прашања располага со следниве информации од јавен карактер:

 

Бази на податоци

 

Публикации

 

Документи   

 

Постапка за остварување на правото
1. Начини на поднесување - усно, писмено или во електронски запис.
2. Форма на добивање на информацијата: увид, препис, фотокопија или електронски запис.

 

Должности на имателите на информации
1. Листа на информации – имателите на информации се должни редовно да ја водат и ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен до јавноста.
2. Посредување на информации – во член 10 се опфатени сите информации за кои имателот е должен да ја информира јавноста.
3. Во овој дел се опфатени и оние технички аспекти, во однос на тоа што одговорните лица кај имателите на информации од јавен карактер се должни да обезбедат простории за увид во бараните информации.
4. Службените лица се должни да им укажуваат помош при барањето на информациите.

 

Службено лице за посредување со информации
 1. Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации.
2. Имателот на информации е должен да обезбеди информирање на јавноста за службеното лице за посредување со информации.
3. Службеното лице за посредување со информации стапува во контакт со барателот, ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давањето на информациите.
4. Повеќе иматели на информации можат заедно да определат едно или повеќе службени лица за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации. 

 

Дефиниции

 

Секретаријат за европски прашања 2008