English      
Комуникациски проекти

      Владата на Република Македонија има широка поддршка за зачленување во ЕУ во сите општествени слоеви и меѓу сите општествени групи. Сите политички партии во Македонија во своите програми го имаат зацртано членството во ЕУ. Бизнис-секторот, најголемиот дел од невладините организации и граѓанските асоцијации го поддржуваат зачленувањето во ЕУ. Поддршката од населението во континуитет изнесува над 87 отсто од  популацијата. Последното истражување на јавното мислење од јануари 2007 година покажува поддршка од 87.8 отсто. Во ова истражување видливо е зголемување на знаењата кај населението за прашања поврзани со ЕУ како резултат на зголемената комуникација со специфични целни групи и како резултат на проектите за информирање коишто се во тек. 


      Свесни дека процесот за членство во ЕУ ќе се оствари преку долг и сложен процес и водени од политиката на реален оптимизам, зацртана во Стратегијата за информирање и комуникација со јавноста во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија 2007-2010Секретаријатот за европски прашања започна кампања за подигнување на јавната свест, насочена кон информирање на граѓаните за позитивните и негативните страни од членството во ЕУ како и за условите - политичките, економските, законските и институционалните - коишто земјата треба да ги исполни со цел да стане членка на ЕУ. 

      Во насока на заложбите на Република Македонија за интензивирање на процесот на пристапување на земјата кон Европската унија, од исклучителна важност е да се задржи јавната поддршка за политиката на Владата за зачленување во Унијата. Со цел да се подобри свеста на јавноста за процесот за пристапување во ЕУ во Стратегијата за информирање и комуникација со јавноста 2007-2010 се зацртани следниве општи цели:

 

  • Да се продолжи со процесот на приближување на граѓаните на Република Македонија до секојдневните димензии на функционирањето на ЕУ преку зголемување на свеста и разбирање на политиката и процесот на интеграција
  • Да се зголеми свеста кај локалните заедници;
  • Да се изгради доверба и увереност во капацитетите на македонските институции вклучени во процесот на европска интеграција;
  • Да се изгради доверба во институциите на ЕУ;
  • Да се осигури дека специфичните сектори како што се бизнис, земјоделскиот или правосудниот сектор го разбираат процесот и целосно се вклучени и подготвени;
  • Да се осигури дека земјите-членки на ЕУ се свесни за подготвеноста на Република Македонија за интеграција и да се добие нивната поддршка.

 

      Зa да се остварат овие цели Владата на Република Македонија подготви проекти чија реализација ќе помогне не само во информирање туку и во соодветна едукација на населението и на повеќе општествени групи за темите поврзани со процесот на интеграцијата, како и со обврските кои произлегуваат од членството. 

 

Повеќе за проектите
 

 

 

Секретаријат за европски прашања 2008