English      
Општо

Со спроведување на Стратегијата за обука за европски прашања на државните службеници на Република Македонија (линк) преку оперативните планови (линк) се обезбедува јакнење на државните институции и надградба на државната администрација во насока на ефикасно спроведување на реформите за членство во ЕУ.

                Видот на обуки за државните службеници во однос на процесот на интеграција во ЕУ се утврдуваат во согласност со искажаните потреби во соодветниот образец (линк).

Одделението за обуки во рамки на СЕП се грижи и за редовно ажурирање и користење на базата на податоци во РМ во врска со обуките за европски прашања. Се води евиденција за реализираните, тековните и планираните обуки на државните службеници.

 

Обуките се дизајнираат и спроведуваат во координација и соработка со домашни институции (секторите за Европска унија во министерствата и другите органи на државната управа) (линк), и донатори (УНДП, ГОФРЕ; ГТЗ, МТЕЦ/МАТРА, Институт за јавна администрација од Ирска, Канцеларијата на Комитетот за евроинтеграции на Република Полска и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

 

Од август 2006 година Одделението за обука има организирано 90 обуки кои ги посетиле 1291 државен службеник. Големиот број на обучени кадри од администрацијата претставуваат дополнителен своевиден механизам кој овозможува натамошно пренесување на искуството и знаењата за ЕУ/ЕИ, за правото и политики на ЕУ.

 

 

Секретаријат за европски прашања 2008