English      
Биографија

 

Д-р Васко Наумовски (1980) дипломирал меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, магистрирал на Рајнскиот универзитет „Фридрих Вилхјелмс“ во Бон, Германија, а магистрирал и на Правниот факултет во Скопје, на теми од областа на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија.
        Во 2008 година докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на тема од областа на влијанието на европските институции и проширувањето на Европската унија со државите од Западниот Балкан.
        Од 2005 година работи на Њујорк Универзитетот Скопје, на Факултетот за меѓународни односи, политика и европски студии, каде што во 2008 година бил избран во наставно-научното звање доцент по меѓународно право и право на ЕУ.
        Автор е на повеќе научни трудови од областа на европските интеграции и меѓународното право. Учествувал на голем број меѓународни научни конференции, а реализирал и подолги студиски престои во Европа и САД. 
 

Секретаријат за европски прашања 2008